ФФМ ги објави цените на билетите за мечот со Словенија

Дерби

19/09/2019

12:48

1.465

Големина на фонт

а а а

Македонската А фудбалска репрезентација која денеска забележа скок на најновата ФИФА ранг листа, наредниот месец ја оечкуваа два нови натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Првата средба ја играме против Словенија на 10 октомври и тоа на Националната арена „Тодор Проески“, селекција која е еден од главните конкуренти за висок пласман во нашата група. Токму поради ова од ФФМ се одлучија за оваа средба да стават пристапни цена на билетите за што погололем број на навивачи да присуствуваат на истиот.

Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари, а ќе можат да се набават преку продажната мрежа на MKTickets, посебниот пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.

Нашиот нациолен тим по шест одиграни кола се наоѓа на 4 место во групата Г со вкупно осум поени, додека следниот наш противник Словенија е втора со 11 бодови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг