Гути на најдобар начин ја опиша претставата на Реал во Париз

Дерби

19/09/2019

08:46

1.792

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид имаше лошо отварање на новата сезона во Лигата на шампионите со убедлив пораз од Пари Се Жермен од 3-0.

„Кралевите“ одиграа далеку под своето ниво, а најдобар доказ за тоа е фактот што не упатија ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Со оваа претстава Реал ги разочара своите навивачи, но и дел од своите легенди како на пример Гути кој се огласи на социјалните мрежи и на најдобар можен начин во една реченица ја опиша играта на избраниците на Зидан.

-Кога одиш во Париз да играш против ПСЖ кој е без трите ѕвезди и не можеш да се натпреваруваш. Лошо, -порача Гути алудирајќи на тоа што „светците“ беа без напаѓачката тројка Нејмар, Кавани и Мбапе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг