ПСЖ ја наполни мрежата на Реал, Јувентус испушти два гола предност во Мадрид

Дерби

19/09/2019

08:16

1.149

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид и Јувентус одиграа атрактивно второ полувреме со четири голови, а на крајот гостите прокоцкаа два гола предност и мора да се задоволат само со бод (2:2) од дербито во Лигата на шампионите.

Истовремено, во Париз, ослабениот ПСЖ славеше неочекувано убедливо над Реал Мадрид со 3:0, а Манчестер Сити со истиот резултат обезбеди сигурна победа на гостувањето кај Шахтјор.

Јувентус водеше со головите на Куадрадо и Матуиди, но Савиќ и Ерера со гол во 90. минута ги поставија конечните 2:2 за поделба на бодовите.

Анхел Ди Марија беше расположен против поранешниот клуб Реал Мадрид и постигна два гола, а Мение ги постави конечните 3:0 за катастрофален настап на избраниците на Зинедин Зидан.

Марез, Гундоган и Жезус ги постигнаа головите во триумфот на Сити над Шахтјор, а Баерн исто така славеше со 3:0, но против Црвена Звезда. Головите беа дело на Коман, Левандовски и Милер, а уште поубедлив беше Динамо кој го расипа дебито на Аталанта во Лигата на шампионите. Тимот на нашиот Аријан Адеми славеше со 4:0, а натпреварот го одбележа Оршиќ со хет-трик.

Голема победа оствари Локомотив Москва на гостувањето кај Баер Леверкузен (1:2), а стрелци на головите беа Криховиак и Баринов.






Спонзорирани линкови

Маркетинг