Три балкански земји се најдоа на листата на 40-те најубави земји на светот

Точка

18/09/2019

19:35

6.435

Големина на фонт

а а а

„CONDÉ NAST TRAVELLER“, светски признато списание за патување, на својот попис од 40 најубави земји на светот ставил и три балкански држави.

Трите балкански држави се Хрватска, Црна Гора и Словенија кои се заедно на листата со едни од најубавите светски дестинации како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд, Јапонија и многу други.

Во својот прилог тие Хрватска ја опишале како земја со “брановидни полиња и бели сончеви плажи“.


„Сместена помеѓу Балканот и средна Европа, Хрватска е земја на убавини. Најпознатите води во земјата се наоѓаат во внатрешноста на националниот парк Плитвички езера, со 16 езера кои се во спектар на сино-зелена боја“ - стои покрај фотографијата на Плитвичките езера.


Словенија ја нарекле како земја која “има сè да понуди“ - од Алпите преку езерото Блез до “прекрасните зелени шуми“.

Подеднакво ги воодушевила и Црна Гора за која се согласиле со зборовите на поетот Џорџ Гордон Бајрон кој ја опишал како “најубавата средба на земјата и морето“. Исто така тие ја истакнале убавината на тамошниот Национален парк Биоградска Гора.




Спонзорирани линкови

Маркетинг