Мирисот на запалено што се чувствува во Карпош, доаѓа од Бардовци: Голем пожар го зафати овој дел од градот

Точка

18/09/2019

15:57

2.807

Големина на фонт

а а а

Голем пожар избувна попладнево во скопско Бардовци, а ветерот го разнесе чадот дури до Центар. Непријатниот интензивен мирис најмногу се чувстува во Карпош.

Засега пламените јазли имаат зафатено сува трева во горниот дел на селото, но пожарот брзо се шири поради ветерот.


Кај граѓаните владее страв бидејќи пожарот се доближува до куќите, па тие се излезени и сами се обидуваат да го гаснат.

Во моментов пристигнуваат пожарникарските служби, но сè уште не е позната причината за пожарот.

Низ општина Карпош се чувствува силна миризба од оганот, па граѓаните се надеваат на побрзо гаснење на пожарот, додека ветерот не направил пустош.


Поради интензивниот мирис, препорачливо е да не излегувате од домовите доколку немате сериозна потреба за тоа, барем додека да се изгасне оганот и ветерот не го однесе силниот мирис и чад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг