Гризман: Ќе ми треба време да се поврзам со Меси и Суарез

Дерби

18/09/2019

08:55

385

Големина на фонт

а а а

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман за првпат по својот трансфер во Барселона имаше можност да заигра заедно со Луис Суарез и Лионел Меси, но оваа тројка не делуваше опасно против Борусија Дортмунд која дефинитно може да жали што освои само бод во пресметката со шпанскиот првак во Лигата на шампиони.

Меси, Суарез и Гризман нешто повеќе од половина час играа заедно на „Сигнал Идуна Парк“, меѓутоа сите тројца беа чувани од домашните играчи кои не им оставија никаков простор на каталонците да се заканат кон нивниот гол.

Токму по овој дуел Антоан побара трпение и време за да работите си дојдат на место, односно ова напаѓачко трио да може да го даде тоа што сите го очекуваат од нив.

-Ова е мојот втор месец откако пристигнав, морам да се навикнам и да играм повеќе со нив за да ги разберам движењата на Суарез и Лео. Не тропнавме доволно на вратата и мораме да се подобриме и работиме. Ова е бод, ама Марк одбрани пенал и забележа и други одбрани, -истакна францускиот репрезентативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг