Нови бизарни детали од животот на контроверзниот милијардер: Во неговата соба секогаш било студено, а без една работа не одел на спиење

Точка

17/09/2019

11:58

4.213

Големина на фонт

а а а

Пиштол покрај креветот за да може да заспие, секогаш студено во спалната соба, аверзија кон алкохолот и диета која се состои само од салата. Ова бил животниот стил на Епстајн кој злоставувал мали девојчиња на неговиот луксузен имот ширум САД.

Овие досега непознати детали за магазинот "Vanity Fair" ги откри новинарката Ванеса Григоријадис. И самата новинарка била сведок на развратниот живот кој Џефри Епстајн, контроверзниот американски милијардер кој неодамна се самоуби во затвор го живеел во 90-тите години од минатиот век. Таа бизарните детали ги открила преку бројни интервјуа со неговите жртви.

Една девојка открила дека Епстајн ја присилувал да спие на ниски температури затоа што верувал дека студената соба значи помирен сон: „Обожуваше да спие на студено, на околу 12 Целзиусови степени“.


Друга девојка открила дека милијардерот бил параноичен и спиел со пиштол во футрола под неговиот кревет, а бил опседнат и со „болни шпионски игри“.

Една девојка некој ја следел и фотографирал, најверојатно по налог на Епстајн. Станува збор за манекенка која одбила да биде во врска со милијардерот, по што започнала да добива фотографии направени додека преминува улица и слично. Една девојка се сомнева дека Епстајн ја прислушкувал.

„Имав чудна ситуација додека разговарав со него. Ме гледаше во очи на морничав начин и цитираше нешто што јас претходно во приватен разговор ѝ го реков на мојата другарка. Го фрлив телефонот и го прекинав секој контакт со него“, открила таа.

Се чини дека милијардерот имал и некои заеднички особини со неговиот пријател - принцот Ендру кој исто така бил опседнат со диети.


„Не пиеше, не земаше дрога, не пушеше, а ниту пак сакаше да биде покрај луѓе кои го прават тоа. Се тушираше повеќе пати дневно. Презираше ресторани и јадеше интегрални житарици, протеини и зелени салати“, открива Григоријадис.

Многу слично се однесувал и британскиот принц, кој откако испливаа контроверзиите за Епстајн на површината, започна да тврди дека не биле блиски. Жена која што патувала со него за "Daily Mail" изјавила дека Ендру исто така не сакал алкохол.

„Принцот не допира алкохол. Нарачува чај и внимава со исхраната. Исто така, не може да издржи да биде во близина на пушачи“, открила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг