На што трошат најмногу дел од нашите политичари?

Точка

16/09/2019

17:19

2.414

Големина на фонт

а а а

Прошетки во околината за викенди, вратоврски, одела, за трошоци во домаќинството, подароци за децата, ова се нешатата на што најмногу трошат дел од нашите политичари. Секако ги контактиравме и политичарките, но тие останаа воздржани, освен Министерката за Правда која кратко ни одговори.

Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски:

Преферирам да купувам, вратоврски, кошули и знам да купам спортски маици за секојдневна употреба. Исто така уживам да пијам убаво кафе со пријателите, но со оглед на секојдневните обврски тоа ми е ограничено, така да секогаш кога сум со пријателите уживам во нивно друштво.


Митко Јанчев, Градоначалник на Кавадарци:

Најмногу пари трошам на класична облека, одела, средна класа.


Рената Дескоска, Министерка за правда:

На секојдневни животни потреби .


Стефан Богоев, Градоначалник на Карпош:

Имајќи предвид дека живеам заедно со сопругата, нормално најголем дел од сретствата одат за секојдневно покривање на трошоците во склоп на домаќинството. Надвор од домашните обврски, секако сакаме да задоволиме и одредена друга потреба. Па, така трошиме сретства за да одиме во кино, да излеземе со пријателите, да одиме на викенд во околината...Ништо специјално, но генерално трошам за работи кои ни се реална потреба како и за одредени прошетки во околината за време на празниците и викендите, со цел да избегаме од секојдневнието и да одмориме малку.


Венко Филипче, Министер за здравство:

На син ми.


Бујар Османи, ЗПВРСМ:

Искрено, барајќи одговор на ова прашање ми посочи дека агендата ми е толку многу густа, што навистина не е лесно да се сетам ниту каде ниту на што трошам сретства. Едно е сигурно, не сум пропуштил ниту едно патување да се вратам со подарок за моите деца Елиза и Мал, па може да се каже дека за нив трошам најмногу од приватното време, но и од личните срества. Тука е секако и сопругата Валбона, но да бидам искрен, кога се работи з аподароци, Елиза и Мал имаат предност.


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг