Голем удар за Саудиска Арабија: Прекинато е производството на 5,7 милиони барели нафта после нападот со дронови!

Точка

15/09/2019

11:13

4.594

Големина на фонт

а а а

Поради нападот со дронови на две нафтени постројки во Саудиска Арабија, привремено е прекинато производството на тие две локации, што значи дека е ограничено производството на половина од вкупното производство на националниот нафтен гигант „Арамко“

„Нападот влијаеше на привремена суспензија на локациите Абкаик и Кураис“, изјави саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз Бин Салман.

Нападот предизвикал прекин на производството на 5,7 милиони барели сирова нафта, што е околу 50% од вкупното производство на „Арамко“. Како што стои во соопштението, недостатокот на нафта ќе биде надоместуван од залихите и компанијата ќе даде нови информации во следните 48 часа.

Во вчерашниот напад на јеменските Хути бунтовници, беше погодена најголемата светска постројка за преработка на нафта и уште едно големо нафтено поле, предизвикувајќи огромни пожари на ова ранливо место.

Саудискиот министер во соопштението додаде дека пожарите се под контрола и дека нема повредени во нападите.

Хути бунтовниците се поддржани од Иран и под своја контрола го имаат главниот град на Јемен и дел од јеменската територија. Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија од 2015-та година се бори против Хутите, притоа бомбардирајќи и училишта полни со деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг