Конте и официјално ја започна „војната“ со Сари: Тренерот на Интер со провокација до искусниот Сари

Дерби

15/09/2019

10:59

2.170

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер стигна до тешко извојувана победа на домашен терен против Удинезе со 1:0.

„Нероазурите“ со оваа победа останаа перфектни и сега се на врвот на табелата со два поени повеќе од тимот на Јувентус кој се смета за нивен најголем конкурент во битката за Скудетото.

Маурисио Сари како „виновник“ за ремито со Фиорентина го посочи топлото време, односно високата температура која била причината за нешто послаба партија на своите избраници.

По натпреварот меѓу Интер и Удинезе, за коментар на ова тврдење беше запрашан Антонио Конте кој во краткиот одговор упати провокација кон Сари: – Не сакам да зборувам за тоа, инаку ќе мора да зборуваме за буџетите и брачните состојби. Некој треба да биде мирен и спокоен, -истакна Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг