Зидан крајно сериозен: Доста ме провоцирате, станува збор за играч кој е иднината на Реал!

Дерби

13/09/2019

16:45

3.162

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид утре на домашен терен ќе го пречека Леванте во натпреварот со кој ќе биде отворена саботната програма во Примера, а по вчерашната најава која ја даде македонскиот репрезентативец Енис Барди, денеска Зинедин Зидан беше прилично испровоциран од еден новинар на пресот кој го одржа.

Францускиот стручњак прилично се вознемири кога доби прашање за Винисиус Жуниор, откако новинарите по три кола дојдоа до заклучок дека Зидан нема да смета на талентираниот бразилски напаѓач како што тоа го правеше неговиот претходник Солари.

– Престанете да го велите тоа и да ме провоцирате, немој да велите дека не сметам на Винисиус. Тој е одлиучен играч, ќе сметам на него бидејќи имам огромна доверба во тоа што го прави. Имам 23 играчи и ќе сметам на сите што ги имам. Винисиус има 18 години и тој е иднината на Реал Мадрид, во тоа сум сигурен. Но, во фудбалот, секоја работа треба да си дојде на свое место постепено, тој сега е во процес кога треба да биде трпелив. Понекогаш нема да игра поради тоа што на негово место ќе игра друг, но немој да велите дека не сметам на него, – сериозно порача Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг