Вчера беа одбележани 48 години од смртта на претседателот на поранешниот Советски Сојуз, Никита Хрушчов.
Тој меѓу другото остана запаметен и по тоа што го извади својот чевел и започна да удира на говорницата во Генералното собрание на Обединетите нации. Познатото удирање со чевлата се случи откако Хрушчов реагираше на говорот на филипинскиот делегат кој обвини дека Советскиот Сојуз ја „проголтал“ источна Европа и „ги лишил луѓето од политичките и човековите права“.
Бесниот Хрушчов тогаш го извадил својот чевел, стана и со чевелот му се закани на филипинскиот делегат на другиот крај од салата. Тогаш со чевелот удри по говорницата.
„Господине претседателе, смирете ја својата марионета на американскиот империјализам“, е познатата реченица која што Хрушчов ја изговори.
Од друга страна, многумина тврдат дека Хрушчов не удрил со чевелот по говорницата, туку само мафтал со него.
Интересно е што неговата правнука Нина тврди дека во нивното семејство се зборувало дека нејзиниот прадедо за времето на таа седница имал претесни чевли, па затоа одлучил да ги извади. Во тој момент се налутил, па држејќи го чевелот започнал да му мафта на претседателот на Генералното собрание за да добие можност за реплика.