Големо откритие на американските разузнавачи: Израелците со специјални уреди ја прислушкувале Белата куќа

Точка

12/09/2019

15:12

3.523

Големина на фонт

а а а

Американската влада заклучи дека Израел во претходните две години најверојатно стои зад поставувањето на специјални апарати за прислушкување на мобилните телефони, инаку пронајдени во близина на Белата куќаи чувствителни локации низ Вашингтон.

Меѓутоа, за разлика од претходните случаеви кога Американците откриваа дека некој ги шпионира, овојпат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не ја укори владата на Израел, ниту пак оваа земја ќе сноси последици за таквото однесување, пренесува „Политико“.

Малите уреди кои можат да ја снимаат содржината на повиците и употребата на податоците на телефоните, најверојатно се користени за шпионажа на Трамп, но и на неговите најблиски соработници и помошници.

Засега не е познато дали израелските напори со поставањето на апаратите имале успех. Како што е откриено, агентите на ФБИ и другите американски разузнавачки служби се убедени дека апаратите се поставени од страна на израелски агенти.

„Прилично е јасно дека Израелците се одговорни“, изјавил разузнавач кој побарал да остане анонимен.

Портпаролот на израелската амбасада во Соединетите Американски Држави, Елад Штромајер ги негираше тие тврдења, оценувајќи ги како бесмислени.

„Израел не спроведува шпионски операции во САД“, порача Штромајер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг