Османи – Коп: Холандија е еден од најголемите поддржувачи на Северна Македонија

Макфакс

12/09/2019

14:50

707

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп.

„Вицепремиерот Османи изрази голема благодарност за континуираната поддршка од страна на Кралството Холандија, земја која од осамостојувањето на нашата држава е една од најголемите донатори и силен поддржувач на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Во оваа насока тој потенцираше дека поддршката на Холандија во спроведувањето на реформската агенда на Европската Унија е од фундаментално значење за нас, особено кога станува збор за владеењето на правото и доброто владеење, односно во институционалното зајакнување на земјава, како една од најважните придобивки на современото општествено живење, но и како континуиран бенчмарк за напредок во европските интеграции“, соопштија од Кабинетот на Османи.

Средба со новиот холандски амбасадор во земјава се одржа непосредно пред почетокот на европската турнејата на вицепремиерот Османи, која започнува со работна посета на Кралството Шведска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг