Алијанса за Албанците: Земањето лекови со лични карти и физичко присуство на пациентот е апсурдно

Макфакс

12/09/2019

14:47

712

Големина на фонт

а а а

Известувањето што денес беше објавено од страна на Фондот за здравство на Република Северна Македонија во врска со земањето лекови од аптеки каде покрај рецептот треба и документ за идентификација и физичко присуство на пациентот, како и враќање на старите здравствени книшки е еден од составните елементи на неспособноста и незнаењето што ја карактеризира оваа Влада, велат од Алијанса за Албанците.

Според партијата, Фондот за здравство е втурнат во вициозен круг на потфрлувања и наместо да размислува за поедноставување и олеснување на постапките, со оваа мерка го оптоваруваат пациентот со работи кои во праксата се апсурдни.

Алијансата за Албанците смета дека ваквите уредби се во спротивност со развојните трендови на земјите од ЕУ.

„Оваа апсурдна мерка ѝ задава удар на медицинската дејност, оставајќи го на втор план пациентот и неговата болест, бидејќи времето потребно за запишување на терапијата во книшката, здравствената картичка и регистарот е двојно поголемо од анамнезата и прегледот на пациентот. Според анализите на Одделението за здравство при Алијансата за Албанците, сметаме дека електронските картички кои на граѓаните им направија дополнителни трошоци, се решението и потребата на пациентот, докторот и фармацевтот, затоа што со заеднички софтвер се заштедува време, хартија, тонер, при што како лекарот така и пациентот добиваат комотност“, велат од АА.

Ваквата мерка за присуство на пациентот со лична идентификација и рецепт, додаваат од таму, се судира со правата на пациентот затоа што му задава удар на контингентот пациенти кои немаат физичка и психичка можност да го земат лекот.

„Имајќи ги предвид овие аргументи од една страна и апсурдноста што овие уредби можат да бидат практични и функционални за здравствениот систем, го покануваме министерот и Фондот да ги повлечат овие барања и да почнат да размислуваат за проширување на позитивната листа на лекови, зголемување на коефициентот и креирање политики за одржување на лекарите во земјава“, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг