Османи ја почнува турнејата по европските метрополи

Макфакс

12/09/2019

10:39

140

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Шведска, каде што ќе се сретне со министерот за европски прашања, Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка, Питер Ериксон, како и со претседателот на парламентот, Андреас Норлен.

Како што соопштија од кабинетот на Османи, централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година, а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.

Во агендата на Османи за периодот што следи предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почеток на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг