Косово го откажа учеството на регионалниот самит во Прага поради изјавите на Земан

Макфакс

12/09/2019

09:32

400

Големина на фонт

а а а

Косово го откажа учеството на регионалниот самит во Прага по изјавите на чешкиот претседател Милош Земан, кој водачите на оваа поранешната српска провинција го нарече „воени злосторници“, објави АФП.

„Косово испрати дипломатска нота во која се извинува за отсуството, откако претходно го потврди учеството“, рече Јана Адамчова, портпарол на чешката влада за АФП.

Во вторникот, медиумите објавија дека Земан му кажал на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата посета на Белград дека му се допаѓа Србија и српскиот народ, но дека не го сака Косово. Земан по средбата со Вучиќ на заедничка прес-конференција рече дека ќе ја преиспита можноста Прага да го повлече признавањето на независноста на Косово.

„Земјата која ја предводат воени злосторници не треба да биде дел од заедницата на демократски земји“, додаде Земан, алудирајќи на сегашните приштински власти. Агенцијата потсетува дека Земан бил „познат како симпатизер на Русија и Кина“.

Министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек, во средата изјави дека Прага нема интерес да ја промени одлуката од 2008 година да го признае Косово како независна држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг