Милан ќе му ја намали платата на Донарума

Точка

11/09/2019

20:41

444

Големина на фонт

а а а

Управата на Милан започна „операција“ за продолжување на соработката со голманот Џанлуиџи Донарума.

Талентираниот голман има договор со „Росоњерите“ до 2021-ва година, но управата на Милан не сака ништо да препушти на случајот, па наводно веќе започнале преговорите за продолжување на договорот.

Сепак, најинтересно е тоа што Милан на Донарума ќе му понуди пет милиони евра по сезона, односно милион евра помалку од неговата актуелна плата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, клубот ќе игра на „љубов кон Милан“ картата, па сега останува на Донарума да одлучи дали ќе остане на „Сан Сиро“ или ќе го натера неговиот агент Мино Раиола да му побара нов клуб.

За неговите услуги засега најголем интерес покажаа од париски ПСЖ, а доколку наскоро Донарума не го продолжи договорот, Милан ќе мора да го продаде веќе идното лето доколку сака да заработи нешто од неговиот трансфер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг