Потрагата по малиот Михаил заврши со среќен крај - детето е пронајдено на автобуска станица

Точка

11/09/2019

12:30

6.817

Големина на фонт

а а а

Утрово случајот за исчезнатиот Михаил Илијевски од населбата Драчево се рашири како молња по социјалните мрежи низ целата држава.

Неговата мајка преку нејзиниот профил на Фејсбук апелираше за помош до сите граѓани, но од МВР тврдат дека малиот Михаил бил пронајден веднаш по пријавувањето дека е исчезнат.

Неофицијално, детето било пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана.

Тој е во добра здравствена состојба, а во моментов надлежните испитуваат како и со кого се упатил во таа насока каде што било пронајдено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг