Нетанјаху со драматично соопштение: Најави окупација на оваа територија!

Точка

10/09/2019

18:23

3.154

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави денес дека во случај на негов реизбор ќе ја анектира Јорданската долина и северот на Мртвото море кое се наоѓа на Западниот брег.

Нетанјаху претходно преку својот портпарол најави дека во текот на денешниот ден ќе издаде „драматично соопштение“.

Во соопштението, Нетанјаху таквиот потег го нарече „одбранбен ѕид“, ветувајќи дека ќе „примени израелски суверенитет“ во Јорданската долина која ја опишува како источната граница на Израел.

Нетанјаху додаде дека уште наслеби од Западниот брег ќе го следат случајот откако администрацијата на американскиот претседател во целост ќе го објави својот „мировен план на векот“.


„Американскиот мировен план ќе биде објавен веднаш после изборите. Во прашање е голем предизвик, но и голема шанса. Историска шанса“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Јорданската долина се наоѓа во Западниот брег, станува збор за копнена територија која што моментално не е призната како дел од ниту една суверена држава, иако е под номинална контрола на Израел како што сметаат Обединетите нации и повеќето светски сили.

Јорданската долина зазема 60% од територијата на Западниот брег, но е послабо населена. Инаку, самите Израелци овој дел од Западниот брег го нарекуваат „спорно подрачје“ и сметаат дека треба да биде дел од израелската територија.


Моментално 40% од подрачјето (и најголемиот дел од населението) се наоѓа под ограничена цивилна надлежност на Палестинска самоуправа, додека пак Израел одржува воена контрола (вклучувајќи ги еврејските населби, руралните територии и границите).

Најголемиот дел од населението на Западниот брег е сочинето од Палестинци (84%), додека остатокот од населението е воглавно еврејски доселеници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг