Родено теле со човечка глава - снимката ги шокираше сите, а селаните биле преплашени од неговиот изглед

Точка

10/09/2019

14:22

8.072

Големина на фонт

а а а

Пронајдено е морничаво теле во Аргентина. Фармерите биле шокирани од неговиот изглед, а изгледа дека тоа пати од генетска мутација.

Телето има мал нос и уста и личи на човечко суштество, а родено е во селото Вила Ана во северната аргентинска провинција Санта Фе.

Меѓутоа мутираното теле живеело само неколку часа, според извештаите.

Видео снимката од телето која ја снимил неименуван земјоделец споделена е на Јутјуб каде што е прегледано над 200.000 пати.

На снимката се гледа како телето лежи на тревата со своето необично лице кое локалнотите жители го опишуваат како “човечко“.

Во минатото за ваквите животни кои се мутирани се верувало дека носат многу голема несреќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг