Царовска: Преку јакнење на социјалниот дијалог до ефикасни мерки за врботување на локaлно ниво

Макфакс

10/09/2019

12:46

759

Големина на фонт

а а а

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во Скопје присуствуваше на отворање на дводневната работилница „Кон систем за предвидување на потребни вештини во Северна Македонија“.

Како што информираат од ресорното министерство, целта на работилницата е зајакнување на социјалниот дијалог преку кој се создаваат повеќе и подобри работни места.

„Социјалниот дијалог во усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е многу важен. Усогласувањето сега го правиме преку дуалното образование, но и преку Оперативниот план со мерки за вработување. Според мене, многу e значајно што истовремено годинава ќе работиме на јакнење на економско социјалните совети на локaлно ниво бидејќи сметам дека најдобри мерки за обезбедување работна сила, но и за вработување на невработените, се креираат кога дијалогот ќе се спушти на одредена општина или регион“, рече министерката.

Општата цел на оваа активност е развој на механизам за подобрување на меѓуинституционалната координација, која е неопходна за воспоставување ефективен и сеопфатен систем за предвидување на потребните вештини во Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг