Ураганот Доријан на плажата Мелбурн во Флорида, донел пакети дрога вредни 320.000 долари.
Еден полицаец го пронашол пакетот на Рајската плажа, а подоцна било утврдено дека станува збор за пакет со кокаин.
Тој објаснил дека станува збор за пакет кој е "замотан на стандарден начин како што се пакува дрога од еден килограм".
Од надворешната страна на пакетот пишувало "DIAMANT". Криминалистички тим за наркотици истражува како дрогата можела да дојде, пишува "CBS".
А 32 километри подалеку од Мелбурн, на плажата Кокоа, еден минувач пронашол торба со 25 килограми кокаин, а полицијата ги истражува тие пакети.







