Британскиот премиер, Борис Џонсон, предложи распишување предвремени избори на 15 октомври во случај да претрпи нов пораз во Парламентот поради брегзитот.
За време на острата размена на реплики во долниот дом на Парламентот, Џонсон го предизвика лидерот на опозицијата, Џереми Корбин, да поддржи распишување избори на 15 октомври за да може луѓето во таа држава да го изразат својот став, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Џонсон планот на лабуристите да спречат брегзит без договор го квалификува како предавство.