Меси или Роналдо?: Суперкомпјутер го набљудувал секој нивни натпревар и притоа открил кој од нив двајцата е подобар

Точка

26/08/2019

15:20

2.690

Големина на фонт

а а а

Кој навистина е најдобриот фудбалер на светот моментално?

Лионел Меси е речиси дупло подобар од Кристијано Роналдо, така барем тврди суперкомпјутерот кој го развиле научниците од Универзитетот во Леувен.

Белгиските научници заедно со компанијата „SciSports“ користеле алгоритам кој го набљудува секој потег кој играчите го имале со топката во текот на натпреварите од 2013-та до 2018-та година.

Набљудуваните работи биле пас напред, центар шут или пак некој друг потег.


Секој потег добил одреден резултат во однос на тоа колку била зголемувана или пак намалувана шансата за постигнување гол.

Вкупниот број поени потоа бил собран и бил направен просек во однос на сите одиграни натпревари.

Крајниот резултат бил следниот: Меси имал просечен резултат од 1.21 додека пак Кристијано Роналдо имал резултат во износ од 0.61.

Со други зборови, судејќи според овој суперкомпјутер, Меси е двојно подобар (покорисен за постигнување голови) од Кристијано Роналдо.





Спонзорирани линкови

Маркетинг