Славната манекенка Криси Тајген е позната по своите брутално искрени објави на социјалните мрежи и одличната смисла за хумор.
Затоа многу не се изненадивме кога им се спротистави на хјетерите на Инстаграм, кои ја “исплукале“ бидејќи не носи градник, и тоа на урнебесен начин.
Имено, откако Криси на социјалната мрежа објавила фотографија на која позира во бордо комбинезон со длабоко деколте и без градник, во описот напишала: „Погодете каде гледам“, а потоа следела лавина навредливи коментари, во стилот: „Градник? Би можела да набавам еден.“
„Дозволете ми да ве поштедам од моите гради“, му порачала манекенката на еден од хејтерите, а потоа на сите им одговорила и со видео на кое во исто издание се спушта низ детски тобоган со топчиња и се држи за градите, а во опсиот напишала: „Whoopsie daisy“, односно во слободен превод „упс“, со што покажала дека воопшто не ѝ е грижа за навредливите коментари.