Ја пронашле модра и изгребана: Малата Русинка Зарина четири дена минала сама во дивата тајга без храна и вода! Еве што побарала прво од спасувачите

Точка

23/08/2019

12:10

5.339

Големина на фонт

а а а

Петгодишното девојче од Русија било спасено откако минало четири дена изгубено во шума. Зарина Авгонова се изгубила во руската тајга кога тргнала по својата баба, која отишла по печурки.

Спасувачите стравувале дека Зарина се удавила, бидејќи шумите во подрачјето Нижни Новогород имаат длабоки провалии и брзи реки. Иако кучињата не можеле да го намирисаат девојчето, спасувачите имале среќа да ги забележат нејзините траги на земјата. 

На едно место нејзините трагови биле пресечени со мечкини стапала, па спасувачите се загрижиле дека можеби мечка го нападнала девојчето.

Повикале вооружени ловци за да ги држат подалеку мечките и волците во шумата.

Организирана била и масовна потрага по девојчето, а понесени биле и жени бидејќи како што кажале членовите на нејзиното семејство - таа се срами од мажи.

Четвртата вечер од потрагата спасувачите успеале да ги испратат нејзините трагови и набрзо го здогледале исплашеното девојче меѓу многу гранки. Зарина била исцрпена и дехидрирана, па веднаш ја изела храната која спасувачкиот тим ја носел со себе.

"Гласот и беше толку слаб, мислевме дека е птица", вели волонтерот Алексеј Макаров.

"Им наредивме на сите да молчат и ја замоливме Светлана, девојчето кое беше со нас, да ја повика Зарина. Ја повика, а Зарина одговори - тука сум. Тргнавме по гласот. Кога се доближивме ја видовме како боса стои на гранки и се тресе, беше изгребана, целата во модринки. Маицата и беше мокра. Ја прашав дали се плаши, а таа ми кажа "не". Потоа ја прашав што и треба, а таа ми одговори - "колач и малку вода"", рекол тој.

Алексеј ја кренал Зарина во раце и ја пренел до селото. Рекол дека таа е многу силно девојче.

Зарина била пронајдена на околу еден километар од нејзиното село Степановка. Од селото со хеликоптер била директно пренесена во болница.

##https://twitter.com/LevSharansky2/status/1163403323388641281##



Спонзорирани линкови

Маркетинг