Спринтерот Колмен под истрага, ги избегнувал допинг-тестовите

Макфакс

23/08/2019

09:47

751

Големина на фонт

а а а

Американскиот спринтер Кристијан Колмен, сопственик на најбрзиот резултат во 2019 година на 100 метри (9,81 секунди) се наоѓал под истрага на Светската анти-допинг агенција.

Би-би-си објавија дека Американецот три пати, со намера пропуштил допинг-тест, што било доволно да биде покрената истрага против него. Интересно, барем засега по повод случајот не се изјасниле од Меѓународната атлетска федерација, ниту пак од Анти-допинг агенцијата на САД.

Доколку се докаже дека е виновен, Колмен се соочува со едно годишна суспензија, поради која ќе го пропушти Светското првенство во Катар и Олимписките игри во Токио. 

Колмен, минатиот месец бил најбрз на државното првенство на САД во трката на 100 метри (9,99 секунди).



Спонзорирани линкови

Маркетинг