Бразилската вселенска агенција известила дека бројот на пожарите кои ги зафатиле Амазонските прашуми како последица на сечењето на шумите во однос на минатата година пораснал за 83 отсто.
За работата да биде уште полоша, пожарите таму се застапени веќе 16 дена, меѓутоа за нив се зборува сега во последниве денови кога нивните размери станаа катастрофални.
Густиот чад доаѓа од прашумите, а дури вчера го замрачил и Сао Паоло кој е оддалечен 2.7000 километри од таму.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денес изјавил дека на владата ѝ недостасуваат средства за борба против шумските пожари во Амазонија.
Болсонаро во говорот кој бил емитуван на Фејсбук изјавил дека владата ги истражува пожарите откако сателитските снимки покажале дека прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година погоден е од рекорден број пожари.
Fires are raging at a record rate in the Amazon rainforest and scientists warn it could strike a devastating blow to the fight against climate change. https://t.co/vXaZL7M7yF pic.twitter.com/r4LXGActTG
— CNN (@CNN) August 22, 2019
Тој исто така изјавил дека никогаш не тврдел дека невладините организации ги започнале пожарите во шумата, велејќи дека зборувал само за своите сомнежи, пренесуваат од „Ројтерс“.
Медиумите претходно пренеле дека Болсонаро изјавил дека невладините организации ги подметнуваат пожарите во прашумите во Амазонија за да ја посрамотат неговата власт и влада затоа што им ги намалил финансиите.
За сето ова време, паниката се шири и по социјалните мрежи, а меѓу многуте личности кои предупредиле на ужасиите на оваа ситуација од Јужна Америка се наоѓа и Леонардо ди Каприо.
„Ужаснат сум од помислата дека во Амазонија, најголемата прашума на планетата која создава речиси 20 отсто од кислородот на планетава веќе 16 дена има пожари, а медиумите буквално не пишуваат ништо за тоа! Зошто?“ - споделил ди Каприо на Инстаграм.