Странските медиуми не престануваат да пишуваат за неа: Кејти Пери е бремена?

Точка

22/08/2019

17:29

3.447

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кејти Пери со своето последно пјавување во јавноста, покрена гласини дека е бремена.

На премиерата на филмот „Carnival Row“, каде се појавила како придружба на својот вереник Орландо Блум, кој глуми во филмот, облекла долга тоалета во лаванда боја, која ја следи линијата на телото и која го нагласила нејзиниот заоблен стомак, поради што многу странски медиуми се распишуваа за тоа дека Пери чека дете.


Ако претпоставките се точни, ова на пејачката ќе ѝ биде прво, а на актерот второ дете, бидејќи со поранешната сопруга, манекенката Миранда Кер, веќе го има 8-годишниот син Флин Кристофер Блум.

Но, можеби Кејти непосредно пред премиерата само добро да се најала, бидејќи ниту таа ниту Орландо засега не ја коментирале нејзината наводна бременост, но затоа постојано разменувале нежности на црвениот тепих и потврдиле дека се еден за друг.


Да потсетиме, тие двајца ја започнаа врската на почетокот на 2016-та година, а во март, 2017-та година раскинаа. Се смирија пролетта во 2018-та година, а актерот ја запроси пејачката оваа година и тоа за Денот на вљубените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг