Угледен француски хирург силувал 250 мали деца! Ги злоставувал и оние кои штотуку биле оперирани и додека сè уште биле под анестезија

Точка

22/08/2019

16:45

4.674

Големина на фонт

а а а

Жоел Ле Скуарне (66), популарен француски абдоменален хирург од болницата „Жонзак“, силувал 250 девојчиња и момчиња од кои многумина имале само 4 години.

Тој во 2005-та година бил осуден поради поседување фотографии од сексуално злоставуваните деца, но тогаш бил само суспендиран на четири месеци. Поради успешната кариера не му правеле притисок сè до 2017-та година кога неговите злодела веќе премногу почнале да излегуваат во јавноста.

Последното злодело за кое го обвиниле било силување на две девојчиња на возраст од 4 и 6 години, наведуваат од „Тајмс“.

Тој двете обвиненија ги одбил, а неговиот адвокат изјавил дека признал за “девијантното однесување“ со тие девојчиња.

Меѓутоа, француската полиција ја претресла неговата куќа и пронашла дневник во кој овој злосторник детално ги опишувал сексуалните задоволства со болните малолетници. Тоа што додава дополнително морничава димензија на овој случај е дека многу од жртвите ги силувал веднаш по извршените операции додека тие сè уште биле под анестезија.

„Отворете го тој дневник и веднаш затворете го, толку е ненормално перверзен“ - изјавила Франсеска Сата, адвокат на една од жртвите.

На некое место во дневникот тој напишал колку многу се изнервирал што во собата во која се наоѓало девојчето на кое “фрлил око“ дошле неговите родители, па морал да се откаже од таа помисла.

Полициските детективи имале контакт со жртвите и многумина од нив велат дека не се сеќаваат на тоа затоа што тогаш биле многу мали.

Ле Скуарне признал дека силувал “некои деца“, но тој тврди дека тоа не го опишал во неговиот дневник. Наводно тој опишал чиста фикција.

Судењето се очекува кон крајот или почетокот на 2020-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг