Клоп: Кутињо е како Дел Пиеро

Точка

22/08/2019

16:25

1.235

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Филипе Кутињо потсетува на легендарниот Алесандро Дел Пиеро.

Клоп неодамна откри дека сакал Кутињо да се врати на „Енфилд“, но дека Ливерпул немале пари за негов ангажман.

„Кутињо е многу доминантен играч кој може да помогне во создавањето на екипата. Секако, ќе биде потребно одредено време за да се прилагоди, но за него како играч не треба да се трошат зборови“, изјави Клоп и додаде:

„Во претходниот клуб не беше „десетка“, не играше на неговата омилена позиција, но сеедно, тој може да се снаоѓа на повеќе позиции во тимот. Како, на пример, крилен напаѓач, тој е силен на мал простор, а воедно и доволно брз кога ќе му се отвори простор. Покрај тоа, има одлично чувство за гол. Ме потсетува на Дел Пиеро“, изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг