Розовиот хит фустан што ги освои симпатиите на романтичните девојки

Fashionel.mk

22/08/2019

16:18

395

Големина на фонт

а а а

Лирика Матоши е млада модна дизајнерка со потекло од Косово, а базирана во Њујорк.

Во 2016 кога имала само 20 години, го стартува истоимениот бренд за рачно изработени модни додатоци, откако претходно стекнала искуство во Etsy каде рачно изработувала чокер-ланчиња.


Во 2018 година го проширува својот бизнис со асортиман што вклучува и голем избор на облека за жени. 

Токму оваа млада креаторка се потпишува и зад шармантниот розов фустан изработен од тул и навезен со ситни детали во форма на срце, што летово е встински хит меѓу трендсетерките.


Инстаграм профилите на голем бој стилски девојки вклучуваат и фотографии токму со овој модел, што придонесе за негова глобална популарност.


Фустанот е навистина карактеристичен, со препознатлив дизајн што вклучува повеќе слоеви на тул, корсетиран горен дел и здолнште во А форма.


Љубов на прв поглед за романтичните девојки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг