Алфа Ромео: Короеа и Калдерон е добијат Ф1 тест

КРУГ.МК

22/08/2019

18:01

271

Големина на фонт

а а а

Кореа, кој се натпреварува во Формула 2 за јуниорскиот тим на Алфа Ромео, ќе го вози болидот од 2013 година, придвижуван од В8 мотор на патеката Пол Рикар.

Американецот ќе ги превземе должностите од Татјана Калдерон, која пак ќе го има својот трет тест во Формула 1 со болидот во Петок.

„ВОЗЕЊЕТО НА ФОРМУЛА 1 БОЛИД Е НЕШТО ЗА ШТО СОНУВАВ ОД СЕДУМ ГОДИШНА ВОЗРАСТ, ТАКА ШТО ЕКСТРЕМНО СУМ ВОЗБУДЕН ШТО ЌЕ БИДАМ ВО КОКПИТОТ. ОДВАЈ ЧЕКАМ ДА НАУЧАМ ШТО ПОВЕЌЕ. ИМ БЛАГОДАРАМ НА АЛФА РОМЕО ЗА ОВАА МОЖНОСТ“, ВЕЛИ КОРЕА.

Калдерон претходно го возеше болидот од 2018 година во Мексико Сити минатата година, а потоа тестираше за Заубер со болидот од 2013 година на патеката на Ферари во Фиорано.

„НАВИСТИНА ИМ БЛАГОДАРАМ НА АЛФА РОМЕО ЗА УШТЕ ЕДНА МОЖНОСТ ДА ВОЗАМ Ф1 БОЛИД, ПО ПРЕТХОДНИТЕ ДВА ТЕСТА.

МНОГУ СУМ СРЕЌНА ШТО ЌЕ РАБОТАМ СО ТИМОТ НА ПАТЕКАТА ПОВТОРНО И ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ДА СЕ РАЗВИВАМ КАКО ВОЗАЧ. ОДВАЈ ЧЕКАМ НА ОВА НОВО ИСКУСТВО“.

Кореа е повисоко рангиран од двајцата возачи на јуниорската екипа на Алфа Ромео во Ф2, со пласман на 12то место и два финиша на второ место во својата деби сезона.

Калдерон, која исто така првпат учествува во Ф2 со тимот на Арден, сеуште не освоила поени.

„И ХУАН МАНУЕЛ И ТАТЈАНА СЕ ДОКАЖАА КАКО ВРЕДНИ ЧЛЕНОВИ НА ТИМОТ, РАБОТЕЈЌИ СО ЛУЃЕТО ВО ФАБРИКАТА И НА ПАТЕКАТА, А ОВАА МОЖНОСТ ВО НАШИОТ БОЛИД ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ ДА НАПРЕДУВААТ ПОВЕЌЕ СО СФАЌАЊАТА ЗА Ф1 И ДА ЈА ИЗГРАДАТ СВОЈАТА СОРАБОТКА СО ИНЖЕНЕРИТЕ И ТИМОТ“, ИЗЈАВИ ФРЕДЕРИК ВАСУР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг