Фејсбук апликацијата наскоро добива “Dark mode”

Точка

22/08/2019

16:59

624

Големина на фонт

а а а

Најголемата социјална мрежа на светот развива темен мод за својата апликација наменета за оперативниот систем Андроид.

Блогерката Џејн Манчун Вонг во кодот на апликацијата на Фејсбук открила делови кои што се преуредени за да биде оставена можност за воведување на темна позадина. Ова се однесува само на апликацијата на Фејсбук за оперативниот систем Андроид и засега не е познато дали ќе ја добијат и корисниците на Apple.

Лоша вест е тоа што се чини дека темниот мод е во рана фаза од развој, што значи дека ќе треба да почекаме подолг период на претставувањето на „завршниот производ“.


Апликацијата Messenger која што е во сопственост на Фејсбук, уште во март доби “Dark mode” опција, но главната апликација на социјалната мрежа на Цукерберг и натаму остана со само една опција - бела позадина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг