Двајца фудбалери сигурно ќе си заминат од Тотенхем до крајот на преодниот рок

Дерби

22/08/2019

14:43

740

Големина на фонт

а а а

Тотенхем за прв пат по подолг период направи трансфери, и иако не донесе многу имиња, сепак колку толку го засили својот тим.

На „Вајт Харт Лејн“ пристигнаа Тангуј Ендомбеле, Џовани Ло Селсо и Рајан Сесењон, а сега се очекува од клубот да заминат двајца фудбалери кои играа на позициите на кои пристигнаа новите засилувања.

Клубот со сигурност ќе го напушти искусниот Виктор Ванјама кој кариерата ќе ја продолжи во редовите на Клуб Бриж, а заминува и Џорџ Кевин Нкоуду кој ќе се пресели во тимот на Бешикташ.

До крајот на преодниот рок можно е и Кристијан Ериксен да си ги спакува куферите и да се пресели во таборот на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг