Кристијано Роналдо посочи кој противник го направил подобар фудбалер: Нема сомнеж за тоа…

Дерби

22/08/2019

14:43

905

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо во интервју за португалската телевизиска куќа „ТВ 1“ го посочи името на фудбалерот кој го направил подобар играч.

Според фудбалерот на Јувентус, ривалството со Лионел Меси дефинитивно го направило многу подобар фудбалер. Познато е дека тие двајца долги години беа на врвот на светскиот фудбал, а сега, иако се длабоко навлезени во третата деценија од своите животи се уште важат за најдобрите светски фудбалери.

– Не се сомневам дека Меси ме направи подобар играч. Кога јас освојувам трофеи, сигурно тоа го поттикнува него, а истото е и кога тој ќе освои некој трофеј. Навистина ја ценам неговата кариера, а тој веќе зборуваше дека е разочаран што јас ја напуштив Шпанија. Тоа беше ривалство кое и тој го ценеше. Тоа беше добро ривалство, но не уникатно. Мајкл Џордан имаше ривали во кошарката, потоа Аиртон Сена и Алан Прост во Формула 1. Работата која сите ја имаме, а е заедничка е тоа дека имаме цврсто ривалство, -заклучи Кристијано Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг