Мислела дека има проблем со бубрезите, а носела тројка: Била бремена без да знае

Точка

21/08/2019

20:00

2.234

Големина на фонт

а а а

Силни болки во грбот ја однеле Данет Глиц од Јужна Дакота на лекар, но таа не можела ни да претпостави што ќе се случи на операциониот стол.

Данет Глиц била бремена веќе 34-та недела, но не знаела. Поради болките во грбот, за кои мислела дека имаат поврзаност со камен во бубрег, отишла во болница, каде лекарите ѝ рекле дека е бремена, поточно дека носи тројка, како и дека породувањето започнало.

Докторите мислеле дека Данет ќе добие близнаци, но таа родила тројка. Иако веќе е мајка на две деца, воопшто не знаела дека е бремена.

„Никогаш не почувствував некое движење, ниту пак имав мачнини“, изјавила шокираната мајка.

„Ретко слушаме дека тројки се зачнуваат по природен пат, а не пак без знаење да ги носите 34 недели. Моето семејство и јас и понатаму сме во шок“, истакнала оваа жена и додала:

„Од болки не можев ништо да правам. Ме болеше и кога ќе се мрднев, па дури и кога дишев. Затоа и појдов во болница, за да се ослободам од каменот во бубрег.“

Поради болките во грбот, но и страничните болки, мислев дека бубрезите се во прашање, но очигледно трите бебиња биле причина за болките.

Ултразвукот потврдил дека носи близнаци. Меѓутоа, лекарите се изненадиле кога за време на царскиот рез откриле дека во стомакот има три деца.

Трите деца, две девојчиња и момче, со заедничка одлука на родителите ги добиле имињата Блејз, Џипси и Ники.



Спонзорирани линкови

Маркетинг