Метрополата прекриена од темнина насред бел ден, како да започнал крајот на светот: Зад оваа појава се крие ужас кој треба да нè загрижи сите

Точка

21/08/2019

19:49

6.816

Големина на фонт

а а а

Бразилската вселенска агенција соопштила дека бројот на пожари во Амазонија пораснал за 83 проценти во однос на минатата година, поради сечењето на шумите.

Прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година е погоден од рекорден број на пожари, покажуваат податоците на државната агенција за вселенски истражувања. 

Институтот податоците собрани со помош на сателити ги објавил една недела откако претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро го отпуштил шефот на оваа институција поради изнесување на податоци за сечењето на шумите.

Пожарите довеле и до замрачување на Сао Паоло. Дневната темнина која траела околу еден час, се случила во 15 часот, откако силните ветрови го донеле чадот од државите Амазонас и Рондонија, кои се оддалечени од Сао Паоло на повеќе од 2.700 километри.

##https://twitter.com/ch1minssi/status/1163954192723206144##

Најголемата дождовна шума на светот, Амазонија, е клучна во борбата против глобалното затоплување.

Конзерваторите го обвиниле Болсонаро, тврдејќи дека ги поттикнал дрвосечачите и земјоделците да ја сечат шумата.

Во меѓувреме, од американската агенција НАСА било соопштено дека вкупниот број на пожари во Амазонија е малку понизок од просечниот.

Додека повеќето пожари горат во Амазонас и Рондонија, во државите Мато Гросо и Пари бројот на пожари е понизок.

Шумските пожари обично се случуваат во текот на сушната сезона во Бразил, но и намерно се предизвикуваат за илегално да се добие простор за одгледување на стока.

Податоците од Националниот институт за вселенски истражувања покажуваат дека повеќе од 72.000 пожари гореле меѓу јануари и август оваа година во бразилскиот дел на Амазонија.

Ова е најголемиот забележан број откако започнале мерењата во 2013-та година. Од Институтот било соопштено дека до минатиот четврток биле забележани повеќе од 9.500 пожари, во главно во Амазонија.

Во текот на 2018-та година, забележани биле вкупни 40.000 пожари, навеле од Институтот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг