Ѕвездата на Дизни режирала порно филм кој ќе биде објавен на “Pornhub”

Точка

21/08/2019

13:19

16.355

Големина на фонт

а а а

Некогаш беше ѕвезда на Дизни, а денес станува режисерка на филмови за возрасни.

Контроверзната 21-годишна актерка Бела Торн наскоро ќе режира филм за најпознатата порно страница “Porn Hub”. Филмот ќе го носи името “Her & Him”, а ќе биде претставен и на филмскиот фестивал Олденбург во Германија, во септември. 

Бела им се заблагодарила на организаторите на фестивалот за поддршката на нејзината визија за односот помеѓу мажите и жените.

“Her & Him” зборува за “20-годишно момче кое во телефонот на својата девојка пронаоѓа изненадувачка порака која ќе им ја промени целата сексуална врска”.

“Луѓето се плашат да снимат ваков филм во кој станува збор за доминација и потчинетост помеѓу мажите и жените и за тоа како врската може да стане здодевна”, рекла Бела.

Филмот е дел од серијата на “Pornhub” со наслов “Режисери со визија” која се состои од дебитантски порно филмови чија цел е да се диверзифицираат порно содржините. Потпретседателот на “Pornhub” го нарекол дебито на Торн “модернистичко, сексуално експлицитно и со опис сличен на Ромео и Јулија”.

“Digitalspy” пишува дека првобитниот план не ѝ бил снимање на порно филм, туку хорор за Божиќ, но ваквата идеја не ѝ успеала.

Актерката неодамна признала дека е пансексуалка и дека ја привлекуваат личности и карактери, а не одреден пол.

“Всушност сум пансексуалка, а не го знаев тоа. Некој детално ми го објасни поимот. Сакате личности, го сакате тоа што го сакате. Тоа не мора да биде момче или девојка. Ми се допаѓа особата. Не е важно што има таму доле, ми се допаѓа”, изјавила Торн во една прилика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг