Озлогласеното оружје е премногу лесно да се купи во САД: Пушката „за масовни убиства“ се купува со „два клика “

Точка

21/08/2019

11:30

1.754

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува Wall Street Journal, пушката „АР-15“ практично може да се купи онлајн со два клика и без вршење на проверка на идентитетот.

Политиката на „Фејсбук“ посебно забранува продажба на оружје, но сепак во САД постојат неколку масовни групи каде што членовите продаваат и купуваат оружје на едноставен начин. Тие користат специјална тактика за да не бидат откриени од социјалната мрежа и купопродажбата се врши секојдневно.

Наместо да објават оглас дека продаваат пиштол, некои продавачи продаваат куфери и кутии за оружје по висока цена и ги упатуваат потенцијалните купувачи да ги контактираат за повеќе информации. На пример, новинарите на споменатиот медиум пронашле понуда за кутија за оружје вредна 950 долари, иако ист тип на таква кутија во продавница чини 30 долари.


Кога му испратиле порака на продавачот, тој открил дека всушност продава пушка „АР-15“. Станува збор за популарната полуавтоматска пушка која што во изминатите години се користеше во бројни масовни убиства во САД.

Продавачот на новинарите им испратил фотографија од оружјето со 670 куршуми и им рекол дека за неговата објава има повеќе од 30 одговори во рок од два часа.

Потенцијалните купувачи на оружје на овој начин ја заобиколуваат позадинската проверка при купувањето. Иако позадинските проверки не се предвидени за приватна продажба на оружје на национално ниво, десетина американски сојузни држави имаат закони кои предвидуваат универзална контрола на идентитетот за продажбата на оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг