Сончево со температура до 37 степени

Макфакс

20/08/2019

09:03

934

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 34 степени. 

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг