Градежни работи на патот Гостивар – Тетово и Петровец – Катланово

Макфакс

19/08/2019

19:59

467

Големина на фонт

а а а

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд започна и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започна и изведувањето на градежни активности на дел од ул. ,,Ѓорче Петров” од крстосница со бул. ,,Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово,во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).




Спонзорирани линкови

Маркетинг