Путин пристигнал во Франција и се сретнал со Макрон: Една тема ќе им биде најважна, а еве и која!

Точка

19/08/2019

20:29

3.248

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин допатувал денес во Франција каде што со францускиот колега Емануел Макрон ќе разговара за најголемите светски кризи вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина, Иран и Сирија и ќе се обидат да ги подобрат односите на Москва и ЕУ.

Авионот во кој патувал Путин слетал во Марсеј откаде со хеликоптер бил префрлен во летната резиденција на францускиот претседател, дворецот Форт Брегансон на Азурното крајбрежје.

Во тој комплекс, за првпат во историјата ќе бидат одржани разговори помеѓу претседателот на Русија и Франција, пренесуваат од „Itar Tas“ .


Макрон го повикал Путин во посета на неколку дена пред почеткот на самитот Г7 во францускиот град Бјариц на кој би требало да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Од Кремљ соопштиле дека во фокусот на состанокот ќе биде украинската криза и изгледот за спроведување на активности во рамките на Нормандискиот формат.


Од руските медиуми известуваат дека кога станува збор за Украина, и Москва и Париз сметаат дека потребно е да се продолжи со подготовките на спогодбата од Минск.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека се надева дека по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во наредните недели ќе биде одржан и самитот на лидери за кризата во Украина.

Макрон откако го пречекал Путин во летната резиденција на југот од Франција изјавил дека двајцата лидери ќе разговараат за напнатоста во Иран, судирот со Сирија и контрола на оружјето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг