Герет Бејл се најде во почетниот состав на Реал Мадрид за натпреварот со Селта Виго и одигра одличен натпревар со кој си „купи“ нови кредити кај Зинедин Зидан и фановите на „кралскиот клуб“.
По победата од 3:1 против Селта, двајца соиграчи на Герет Бејл јавно му дадоа поддршка на играчот и му испратија порака на Зизу дека тој мора почесто да игра на теренот.
Бразилецот Касемиро и голманот Тибо Куртоа истакнаа дека велшкиот интернационалец е важна алка во нивниот тим.
– Тој ни донесе многу титули погодувајќи во финалињата и од сите нас има голема почит. Герет мора да игра, тој е одличен фудбалер и е многу важен за нас, -изјави Касемиро.
На сличен начин размислуваше и Куртоа кој кратко искоментира: -Тој е важен играч за нас, а против Селта одигра одличен натпревар.