Нова „ексклузива“ на Мекларен: Ќе има само 399 вакви автомобили

Точка

19/08/2019

15:36

677

Големина на фонт

а а а

Мекларен го објави првиот тизер за својот “Speedster” модел кој ќе се произведува во ограничена серија.

Се покажа дека шпекулациите за новиот “Speedster” на Мекларен се точни, со облед на тоа што од британскиот производител објавија официјална фотографија со која го најавуваат овој автомобил.

Иако новиот модел е прикажан во затемнет амбиент, сепак јасно можат да се видат карактеристичните линии на каросеријата, типични за спортските “Speedster” автомобили.


Од Мекларен засега потврдија дека вратите ќе се отвараат нагоре, како и тоа дека како погон ќе се користи нивниот twin-turbo V8 агрегат, додека спецификациите на моторот и перформансите на автомобилот се уште се непознати. Не е откриен ниту конечниот назив на моделот, а ознаката “Speedster” се споменува само неофицијално.

Новиот Мекларен ќе се произведува само во ограничена серија од 399 автомобили, а цената се уште не е позната. Се верува дека цената на овој модел ќе се движи од милион до 2,5 милиони долари.

Од британскиот производител најавија дека наскоро ќе започнат да ги примаат нарачките, а првите купувачи своите автомобили ќе ги добијат кон крајот на 2020-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг