Славната пејачка видела "чудни работи" на турнеите со Џексон

Точка

19/08/2019

13:41

2.620

Големина на фонт

а а а

Славната пејачка Шерил Кроу, која музичката кариера ја започнала како позадинска пејачка на концертите на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, била на турнеи со него во 80-тите години, и сега признава дека во текот на истите се случувале "навистина чудни работи".

Пејачката, која уште не го гледалa документарецот за славниот пејач "Напуштајќи ја Недојдија", а во кој се изнесени бројни обвиненија на негова сметка и неговото непримерно однесување кон деца, признала дека многу прашањa и се вртеле низ глава кога работела со него. 

Шерил, која и сама се прославила кога започнала соло кариера, првиот вкус на славата и сјајот на рефлекторите го почувствувала кога во текот на 80-тите години му се приклучила на Џексон на неговата турнеја во траење од 18 месеци, а на која била и наводната жртва на Џексон, Џејмс Сафечук, и покрај тоа што одел во училиште.

"Тоа беше лудо искуство. Тој тогаш беше најголема ѕвезда на една генерација и јас добив можност да пеам дует со него секоја вечер, 18 месеци", рекла Шерил, пренесува "Mirror".

"Бараше многу труд и на настапите точно се знаеше како, што и кога се работи...Никогаш претходно не сум била подалеку од САД, а потоа наеднаш се најдов на бина во Јапонија", рекла таа.

На прашањето дали го гледала документарецот за славниот пејач, кој се фокусира на наводите на Робсон Вејд и Џејмс Сафечук - двајцата кои го познавале Џексон додека биле деца - Шерил признала дека не го гледала и дека не сака да го гледа.

"Бев присутна кога се случуваа некои работи за кои мислев дека се многу чудни и имам многу прашања во врска со нив", рекла пејачката.

Таа одбила детално да објасни што мисли кога вели дека се случиле чудни работи.

Џексон никогаш не бил прогласен за виновен за осумте точки на обвинението за злоставување на децата за кои бил обвинет во годините пред смртта, а неговото семејство и натаму ги негира тврдењата изнесени во документарецот.

Забелешките не Шерил, пишува "Mirror", доаѓаат точно 10 години откако славниот пејач починал.

"Трагично е тоа што почина на 50 години", рекла таа за CNN.

"Не можам да ви објаснам колку тоа искуство ми го промени животот, тоа што имав можност да пеам со него", рекла Кроу.




Спонзорирани линкови

Маркетинг