Се чистат диви депонии во Општина Аеродром

Точка

19/08/2019

12:21

115

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве спроведува голема акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ општината.

Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар – Аеродром.

Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот канал, како и диви депонии во Долно Лисиче.

Општина Аеродром истовремено ги охрабрува граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број ‎075-316-515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и викенди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг