Гигантски протест во Хонг Конг, на улиците излегоа речиси 2 милиони луѓе: Нема да престанеме да се бориме!

Точка

19/08/2019

09:30

1.916

Големина на фонт

а а а

Како што тврдат организаторите, најмалку 1,7 милиони луѓе се собраа синоќа на најновиот протест во Хонг Конг.

Еден од организаторите на „Цивилен фронт за човекови права“, Џими Шан порача дека на протестот имало 1,7 милиони луѓе и во таа бројка не се бројат оние кои што не биле во состојба да дојдат до паркот „Викторија“ каде што започна протестниот марш.

Според проценката на организаторите, вкупната бројка е поголема од досега најголемиот протестен марш кој беше организиран во јуни оваа година, кога организаторите проценија дека учествувале дури 2 милиони луѓе.

Вонг Јик Мо, челник на коалицијата на продемократски групи, истакна дека протестите кои што започнале поради контроверзниот закон за екстрадиција на граѓани на Хонг Конг во Кина, се претвориле во движење против „репресијата на кинескиот начин која веќе ја спроведува полицијата на Хонг Конг“.

Големиот одзив во текот на вчерашниот ден покажува дека движењето и натаму има огромна поддршка и покрај немилите сцени кои се случија минатата седмица кога демонстрациите беа одржани во градскиот аеродром, а беа забележани и бројни судири на демонстрантите и полицијата.

Засега од Пекинг ги обвинуваат другите земји, како на пример САД, а видеоснимките на кои се гледа како кинеска паравојска вежба на стадион во Шенжен, град во близина на Хонг Конг, покажуваат дека не е исклучена ниту воена интервенција на Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг