Пред седум дена се породила со четвртото дете, па се фотографирала во долна облека: “Мојот стомак има супермоќи”

Точка

17/08/2019

16:40

6.706

Големина на фонт

а а а

Кристијан Стадил и неговата сопруга Алис станале родители по четврти пат.

Само седум дена по породувањето, Алис на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира во долна облека. На фотографијата нејзиниот стомак делува совршено рамно, а до пред само една недела бил прилично голем, како и кај секоја трудница пред породувањето. 

И самата Алис била импресионирана од ваквата трансформација:

“Одамна сонувам за супермоќите на мајката од филмот “The Incredibles”, како што се нејзините еластични раце кои ги фаќаат децата каде и да одат. Моите раце не се еластични, но мојот стомак по сè изгледа има супермоќи. Мислев дека никогаш повеќе нема да имам рамен стомак и навистина е лудо... поминаа само седум дена откако се породив”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг